Sunday, April 19, 2015

Како настанало Прилепското Кралство во XIV век


     За време на владеењето на српскиот крал и цар Душан, Волкашин извршувал високи должности на владетелскиот двор. Неговите имоти се простирале јужно од Скопје, се до Прилеп. По смртта на цар Душан, Волкашин станал најугледна личност на дворот на царот Урош. Во 1365 година, Волкашин бил крунисан за крал. Со тоа станал престолонаследник на Урош. По четири години (во 1369 година), по ,,Битката на Косово Поле" кога ја победил здружената војска на српските кнезови и жупани, Волкашин почнал да владее самостојно. Неговите територии се прошириле кон Призрен, Приштина и Ново Брдо. Според името на престолнината на државата, која се наоѓала во Прилеп, таа е позната како Прилепско Кралство. Во време на најголемата моќ, тоа се простирало на север до Призрен и Приштина, на југ до Преспа и Охрид, на запад до Дебар и Кичево, а на исток, источно од реката Вардар. Во 1371 година на повик од неговиот брат Јован Углеша, Волкашин заминал да му помогне во борбата против Османлиите. Во битката на реката Марица, Волкашин загинал. По неговата смрт, престолот на Прилепското Кралство го наследил неговиот син кралот Марко. Кралот Волкашин, како независен владетел ковал свои пари. Имал своја дворска канцеларија, издавал повелби до странски држави, а најмногу тргувал со Дубровник. Градел и обновувал манастири и цркви.

                                                                               


Кралот Волкашин, фреска

 од црквата Св.Никола во Псача

4 comments:

  1. Одлична тема, но можело и подетални податоци за настанокот на Кралството.. :)

    ReplyDelete
  2. Точно Лора, секогаш може да биде подобро на пишано. Биде искрена и благодарна што ти помогнав да го направиш твојот блог.
    Поздрав
    Давид

    ReplyDelete
  3. Малку ти е кратко ама ти е супер направено.

    ReplyDelete