Во природна состојба сите семки се суви и тврди, што им обезбедува да
опстанат во текот на студената зима или во сушниот период во тропските
предели. Семката однадвор е обвиткана со семена обвивка, а внатре се
никулецот и хранливата материја.
Никулецот е изграден од пупка и коренче.
Семките на некои растенија не содржат хранлива материја, но кај други е во вид на семени листови-котиледони( гравот има два котиледони, а пченката еден), или е во вид на хранлива маса.
Кај многу растенија никнувањето на семката не почнува веднаш. Најчесто таа мирува, бидејќи зимскиот период е неповолен за никнување. Напролет семката прво ја впива водата, се набабарува, а потоа клетките на никулецот почнуваат да се делат. А потоа никулецот почнува да расте. Во исто време, започнуваат да се развиваат органите: корен, стебло и листови. Всушност прво започнува да расте коренотнадолу кон почвата, а потоа нагоре расте пупката на никулецот. На врвот на коренчето се наоѓа тенок пласт клетки- коренова капа која што го штити коренот додека се пробива низ почвата.


