Wednesday, May 6, 2015

Исламизација на Балканските земји

Процесот на исламизација почнал со осмалиските освојувања на балканските земји. Во почетокот исламизацијата главно била спроведувана доброволно. Крупните феудалци, со цел да си ги зачуваат своите привилегии и имоти, доброволно го прифаќале исламот. Исламот го прифатиле и дел од сиромашните слоеви на населението, со цел да се ослободат од многу даноци што ги праќале христијаните. Голем дел од исламизираните христијани го зачувале својот јазик, обичаите и друго. Некои пак станале високи турски државни функционери. Таков е случајот со Мехмед-паша Соколовиќ, кој станал голем везир.Османлиската власт спроведувала и насилна исламизација. Данок во крв предвидувал одземање на здрави христијански машки деца, кои по исламизирањето и посебното воспитување, станувале јаничари. Многу девојки биле присилно носени во сараите на беговите, каде што биле исламизирани. Исламизацијата била најмасовна во Босна, Албанија, Западна Македонија, Бугарија и другите балкански земји. Исламизираното население е познато како Бошњаци, Торбеши и Помаци.